ТЕРА

REKLAMA???

ЦЈЗ: По две фази, против комарците пак на 11 овој месец

ТЕРА Телевизија денеска испрати прашања до Општина Битола и Центарот за јавно здравје како избран субјект што треба да ја спроведе дезинсекцијата и во оваа 2026 година. Ќе бидат во целост објавени во моментот кога ќе се вратат со одговорите.

Од името на Центарот за јавно здравје  Д-р Светлана Поповска Кљусева, спец. по епидемиологија, ВД Директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје БитолаБитола ги испратија следните одговори:

Тера: Кога се планира спроведувањето на годинешната дезинсекција ?

Од Центарот за јавно здравје одговорија : „ Во 2026 година, Општина Битола има склучено договор со ЈЗУ Центар за јавно
здравје Битола за спроведување превентивна дезинсекција на територијата на општината. Заклучно со 08.06.2026 година, реализирани се една фаза на адултицидна и една фаза на ларвицидна дезинсекција. Согласно договорот, предвидени се вкупно три фази на адултицидна и три фази на ларвицидна дезинсекција. Втората фаза на ларвицидна дезинсекција е веќе закажана за
11.06.2026 година (четврток). За појаснување за гледачите, ларвицидната дезинсекција се изведува на застојни бари, канали, поплавени ливади и други површини со застојна вода, додека адултицидната дезинсекција го опфаќа целото
подрачје на општината.“

Тера: Дали постои територијална мапа и рокови што ги следите за навремено спроведување на дезинсекција?

ЦЈЗ: „Дезинсекцијата се спроведува согласно роковите и територијалниот опфат утврдени во Оперативниот план и Програмата усвоени од Советот на Општина Битола.“

Тера: Која е процедурата којашто Вие како Центар за јавно здравје и Општина Битола ја спроведувате, во кој временски / календарски период се реализира таа процедура за сите чекори да бидат навремени, кој одлучува како ќе биде спроведена дезинсекцијата и колку пари чини спроведувањето на дезинсекција на територија на општина Битола?

ЦЈЗ: „ Центарот за јавно здравје Битола секоја година, во декември, доставува стручно мислење за потребата од спроведување превентивни мерки за заштита на населението од вектор-преносливи болести за наредната година (тоа е во
согласност со Националната програма за јавно здравје). Врз основа на тоа мислење, Општина Битола донесува Оперативен план и Програма за контрола и уништување на комарците, кои ги усвојува Советот на Општината. Потоа Општина
Битола спроведува постапка за јавна набавка преку ЕСЈН (за дезинсекција и дератизација). Доколку Центарот за јавно здравје Битола биде избран како носител на набавката, дезинсекцијата се реализира согласно плански документи и
стручното мислење- како што е оваа година.

Вкупната вредност за дезинсекцијата за 2026 година (набавка на средства и апликација) изнесува 915.000,00 денари и ги опфаќа сите шест предвидени фази.“