ТЕРА

REKLAMA???

ЧАРЛС ТРЕТИ, НОВИОТ КРАЛ НА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО

По смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета во четвртокот, на 8 септември, принцот Чарлс станува крал на Обединетото Кралство и на 14 други земји, како најдолгоочекуваниот престолонаследник во британската историја.

Британскиот крал Чарлс III. денеска ќе и се обрати на нацијата, по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, на 96-годишна возраст.

„Длабоко жалиме за смртта на омилениот суверен и многу сакана мајка. Знам дека оваа загуба длабоко ќе се почувствува низ целата земја, кралството и Комонвелтот и кај безброј луѓе ширум светот. Во овој период на жалост и промени, моето семејство и јас ќе најдеме утеха во тоа што знаеме колку длабока беше почитта и наклонетоста за кралицата“, се наведува во соопштението од кралот Чарлс Трети.

По враќањето од замокот Балтимор во Шкотска, каде што вчера почина кралицата, тој прво ќе се сретне со премиерката Лиз Трас.