ТЕРА

REKLAMA???

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ ПО ПОВОД 8 МАРТ

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски по повод 8 март-Меѓународниот ден на жената упати празнична честитка.

„Почитувани сограѓанки, познанички, соработнички

Со најубави желби за понатамошен напредок во сите сфери во кои делувате, Ви го честитам Меѓународниот ден на жената и Ви посакувам добро здравје и многу успех во приватниот и професионалниот живот.

Женската борба во минатото за постигнување на основните права воопшто не била лесна, но затоа денес можеме со гордост да кажеме дека современата жена е рамноправен учесник во општеството, во креирањето на политиките и донесувањето важни одлуки во економскиот, културниот, образовниот, спортскиот живот…

Заедно продолжуваме да ги надминуваме предизвиците, да ги зачувуваме семејните вредности и поединечно и институционално да работиме на зајакнување на социјалната и економската еднаквост, преку соработка и заедништво кон подобра иднина за сите нас“ стои во честитката од градоначалникот Коњановски.