Германскиот канцелар Олаф Шолц вели дека Европската унија повеќе не може да си дозволи да им дoпушта на поединечните земји-членки да имаат право на вето врз активностите на блокот, ако сака да ја задржи водечката улога во одредувањето на глобалната политика.
Шолц, во текст објавен на 17 јули во весникот „Франкфуртер алгемајне“, рече дека руската војна во Украина го направи европското единство од итна важност и ја покрена потребата за крај на „себичните блокади“ на европските одлуки од одделни држави.
Европската Унија денеска ќе ја разгледа можноста за заострување на санкциите кон Русија. Ова доаѓа по обвинувањата дека Москва ја искористила нуклеарната централа во Запорожје за складирање оружје и лансирање проектили кон околните региони во Украина.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен истакна дека Москва мора да продолжи да плаќа висока цена за агресијата.
Министрите за надворешни работи на ЕУ ветија уште 500 милиони евра воена помош за Украина, а шефот за надворешна политика на Унијата Жозеп Борел ги повика земјите-членки да не се колебаат во нивната посветеност на санкциите против Русија












