ТЕРА

REKLAMA???

ШОЛЦ НАЈАВУВА МАРШАЛОВ ПЛАН ЗА УКРАИНА

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе разговара за нацрт „Маршалов план за Украина“ со лидерите на групата Г-7 на самитот следната недела во Германија.

Г-7 го сочинуваат САД, Франција, Германија, Италија, Британија, Канада и Јапонија, кои се седумте економски најразвиени земји во светот. Во своето обраќање пред германскиот парламент, Шолц рече дека „обновата на Украина ќе биде задача за неколку генерации“.

Осврнувајќи се врз неодамнешната посета на градот Ирпин во близина на Киев, Шолц изјави дека она што го видел таму „не го потсетуваат само него на сликите од германските градови по Втората светска војна“.

Тој рече дека ќе бидат потребни милијарди долари за обнова на Украина и дека таа може да успее само ако европските нации, другите големи земји донатори и меѓународната заедница работат заедно.