Во 2023 година, најжешката година забележана досега, прелиминарните наоди на меѓународен тим истражувачи покажуваат дека количината на јаглерод апсорбирана од копното привремено паднала. Шумата, растенијата и почвата не апсорбирале јаглероден диоксид. Тоа ги доведе научниците до паничното прашање – засега без одговор, што ќе стане со животот на Земјата ако растенијата се презаситени од човечкото загадување?

Започнува секој ден навечер. Како што исчезнува светлината, милијарди зоопланктони, ракови и други морски организми се издигнуваат на површината на океанот за да се хранат со микроскопски алги, враќајќи се во длабочините на изгрејсонце. Тие го апсорбираат човечкиот јаглерод. Активноста е една од илјадниците природни процеси кои ја регулираат климата на Земјата. Заедно, океаните, шумите, почвите и другите природни јаглеродни тонови на планетата апсорбираат околу половина од сите човечки емисии на јаглероден диоксид.
Но што доколку неможе тоа да го прават повеќе, ако се презаситени?
Научниците велат, а и фактите покажуваат дека Земјата се загрева, а тоа подразбира дека нормалните деноноќни процеси се распаѓаат. Глечерите на Гренланд и ледените плочи на Арктикот се топат побрзо од очекуваното, тоа ја нарушува океанската струја на Голфската струја и ја забавува брзината со која океаните апсорбираат јаглерод. За зоопланктонот што јаде алги, топењето на морскиот мраз ги изложува на повеќе сончева светлина, па тие наместо ќе си останат дома – во длабочините.

Е тука е проблемот што го лоцираат научниците – ќе се наруши вертикалната миграција која складира јаглернод на дното на океанот. Па предупредија : „Природата досега ја балансираше нашата злоупотреба, но на тоа му се ближи крајот, а човештвото сеуште не измислило технологија за да го отстрани атмосферскиот јаглерод.“
Како што се зголемува човечките емисии, така се зголемува и количината што ја апсорбира природата, растенијата растат побрзо, ја менуваат апсорпцијата на јаглерод – не стануваат џиновски, туку презаситени.
Кај Бореалните шуми кои се протегаат низ Русија, Скандинавија, Канада и Алјаска – забележале пад на апсорбираната количина на јаглерод повеќе од една третина. И тоа го вклучил светскиот еко аларм. Кон ова придонесуваат летните пожари, сечата на дрвја и појавата на бубачките. Во комбинација со намалената отпорност на Амазон и условите за суша во делови од тропските предели, жешките услови во северните шуми помогнале да се поттикне колапсот на копното во 2023 година, а тоа предизвикало скок во стапката на атмосферскиот јаглерод. Човечкиот јаглерод во 2023 година доситгнал 37,4 тони. Океаните – најголемиот апсорбер на CO2 во природата – впивале 90% од затоплувањето од фосилните горива во последните децении, предизвикувајќи зголемување на температурата на морето. Сега веќе не.

Ова се случува и покрај многубројните програми за заштита на природата, акции за пошумување, заштита на видови што се пред исчезнување.
Пораката, во услови на делумна паника што ја манифестираат научниците кои работат на случајот, е дека треба да се зголемат напорите на човештвото да ги намали емисиите на јаглероден диоксид и да си го заштити својот и домот на стотици илјади живи врсти и видови.













