Како на вашите блиски дома родени во 40те , 50-те или 60-те години на минатиот век да им објаснете што значи Вештачка Интелигенција, што таа прави, што и треба за добро да функционира, дали ќе не освои или завладее со човештвото ? Во тоа денеска ни помогнаа професорките Костандина Вељановска и Мимоза Богоевска-Јовановска од Факултетот за информатички и комуникациски науки.

Животот беше различен во 40 и 50 години на минатиот век. Дрвениот мебел беше највредниот, за тоа се сечеа дрвја и намалуваа шуми, текстовите се пишуваа на машина за пишување, пресметките се водеа на механички калкулатор.
Компјутерот беше научна фантастика.
Денес е секојдневие, не само што пишува, пресметува, туку у цели фабрики води и, се грижи за чувствата на човекот, и сместен е во најмалите предмети кои може да ги замислите. Сето тоа благодарние на една нова интелигенција – компјутерската односно вештачката интелигенција.

Професорката Константина Вељановска на ФИКТ предава неколку предмети кои се поврзани со основите на Вештачката интелигенција, нејзината примена и системи, на втор циклус студии предава за интелигентни системи, сајбер безбедноси, машинско учење, на третиот циклус пак за интелигентен кориснички интерфејс. Вештачката интелигенција е најновото откритие на човекот и брзо се развива, ВИ учи, поврзува, анализира, пресметува, се обидува и , дава резултат. Ако на почетокот била со големина на интелигенција на мува ( инсектот), пред 20 години кога таа истражувала на универзитет во Торонто со големина на животно, денес ги има сите сегменти на човечката интелигенција, освен добрата анализа на облиците и отсуството на емоции.

Проф. Мимоза Богдановска-Јовановска предава на ФИКТ и тоа за концептот на информатичкото општество – улогата на информатичката технологија, медиумите и знаењето во модерното општество. Предава и предмет наречен „Е-влада“ и „Е-управување“ – што е примена на информатиката во јавниот сектор. Не мора многу да се зборува – ова е такво време, се има на интернет. Дури и дефиницијата за поимот Вештачка Интелигенција. Нејзиниот став е јасен, се што го носи предзнакот „вештачко / а“ е алатка за олеснување на животот. Ќе направи се што ќе побарата од неа, ќе даде многубројни резултати на тоа што се пребарува, но, одлуката сепак останува на човекот.
Погледнете – слушнете ги нивните изјави низ двата прилога што се емитуваа на Тера како одговор на прашањата кои веруваме ве водат малку поблиску до најновото откритие на човештвото, преку врските што ве водат до YouTube.
И двете се на ставот дека Вештачката интелигенција се развива, а паралелно со тоа треба да се развива и персоналното знаење и да се практикува, па, наместо да се развива стравување од нечија надмоќ, да се контролира нејзината практична примена.












