ТЕРА

REKLAMA???

ЃУРО ИЛИЌ СО НАЈВИСОКОТО МАЈСТОРСКО ЗВАЊЕ ВО ЏИУ-ЏИЦУ

Од Битола до Јапонија – пет и пол децении посветеност на боречките вештини за Ѓуро Илиќ значат признание со највисокото мајсторско звање. Македонскиот мајстор во повеќе боречки вештини официјално е промовиран во носител на мајсторски црвен појас, 10 дан во џиу-џицу. Сертификатот му е доделен од Јапонската Будо меѓународна федерација, за време на светскиот семинар за боречки вештини во јапонскиот град Танабе – родното место на основачот на аикидото, Морихеј Уешиба.

Звањето, вели Илиќ, е признание за повеќедецениската работа во повеќе боречки дисциплини – џудо, аикидо, реално аикидо и џиу-џицу. Тој во боречките спортови активно е присутен од 1969 година, а низ децениите работел и како тренер, педагог и спортски работник.

Доделувањето на 10-ти дан на вежбач кој не е од јапонско потекло е настан од глобално спортско значење. Јапонските традиционални будо организации се познати по своите строги и конзервативни критериуми за доделување на високи звања. Признавањето на Илиќ на вакво ниво во Танабе укажува на тоа дека неговиот повеќедецениски придонес не е вреднуван само локално, туку е целосно валоризиран во колевката на боречките вештини

Илиќ претходно го носеше и звањето деветти дан во џиу-џицу, а има високи мајсторски звања и во џудо и аикидо. Сега, по промоцијата во 10 дан, македонскиот мајстор вели дека признанието за него не значи крај, туку дополнителна обврска.

Признанието пристигнува од Јапонија, но неговото значење, вели Илиќ, го гледа и како признание за генерациите македонски спортисти и тренери кои со децении ги развиваат боречките вештини во земјава.