Со цел збогатување на фолклорот, негова поголема афирмација, афирмација на Општината преку промоција на традицијата и поголема вклученост на младите кои ќе ја негуваат традицијата и културата во нашиот град, Општина Битола и оваа година во Програмата за култура за 2025 година има предвидено и поддршка на програмски активности и настани на културно уметничките друштва, соопштија од Општина Битола.
Во информацијата се вели дека предмет на јавниот повик e кофинансирање на програмски активности и настани, презентирање, афирмирање, зачувување и пренесување на материјалното и нематеријалното културно наследство.
Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е 1.450.000,00 денари. Програмските активности и настани треба да се реализираат заклучно со 31.12.2025год.
Право на учество на јавниот повик имаат сите Културно Уметнички Друштва (здруженија на граѓани од областа на фолклорот) со седиште во Општина Битола, на кои што основни цели и задачи им се афирмирање, омасовување и развој на традицијата, формирање на секции и групи за изучување, негување, развивање, унапредување и презентирање на фолклорните добра.
Повикот трае од 24.02.2025 до 05.03.2025 до 15.30 часот.












