Промени се случија во битолскиот Музеј. Нов директор, односно директорка е Маргарета Спасов. Таа од денеска со решение на министерот за култура ќе раководи со оваа институција во наредните четири години, со оглед на фактот дека е избрана за директорка на претходно распишаниот конкурс. Ова значи дека на досегапниот вршител на должност директор Зоран Николовски му преста функцијата.
Министерот за култура Зоран Љутков ни кажа дека вршител на должност директор се избира од редот на вработените и во конкретниот случај со Николовски тој беше на два пати по шест месеци, а бидејќи се распиша конкуср, се избра директор со мандат од 4 години и нему практично му заврши функцијата вршител на должност.











