ТЕРА

REKLAMA???

ЊУЈОРК ЏИПСИ ОЛ СТАРС СО НОВА КОМПОЗИЦИЈА

Најновата композиција на Њујорк џипси ол старс е со наслов Зејтин.

„Јас најдобро зборувам преку кларинетот, зашто тој најдобро ме разбира“, вели Исмаил Лумановски.

Токму тој е основач е на светски познатиот оркестар „Њујорк Џипси ол старс“, со кој остварува турнеи во САД, Европа, Австралија и во Азија, а чиј репертоар е мешавина од разновидни жанрови, од балканската народна музика до западната класична музика. Кларинетот на Лумановски може да се слушне и на голем број врвни изданија.

Лумановски умее да ја маѓепса публиката низ целиот свет, а веќе настапил во врвни концертни сали, како „Ратхаус“ во Виена, „Карнеги хол“ во Њујорк, „Сал плејел“ во Париз, палатата Емирати во Абу Даби, центарот „Кенеди“ во Вашингтон, центарот „Беркли“ во Бостон и многу други.

Добитник е на многу награди во Македонија, Бугарија, САД.

Роден е во Битола, а кларинет почнал да учи на осумгодишна возраст, во класата на Панде Татарчевски. Многубројни се неговите настапи со реномирани оркестри како „Камерфилхармони“ од Германија, Филхармонијата на Катар, Ансамблот на Беркли, ансамблот „Њу Џулијард“, Светскиот младински симфониски оркестар, Македонската филхармонија, Фестивалскиот оркестар на Луцерн, или со музичари како Марсел Калифе и Ал Ди Меола.

Со неговиот оркестар „Њу џипси ол старс“, кој го формирал по сугестија на неговиот менаџер и продуцент Сердар Илхан, тој на американската публика му е претставен како виртуоз на современата балканска музика, кој со својата бескрајна креативност и талент успева со својот кларинет и уникатен звук целосно да ги освои срцата на сите љубители на музиката.