Министерството за земјоделие заедно со Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации започнува проект за решавање на проблемот на околу 2000 земјоделци од Пелагонија, а во делот на сопственоста на земјоделското земјиште помеѓу државните и приватните сопственици.

„Како што имаат добиено земјиште по основ на денационализација, но истото се наоѓа во стопанството, односно во ЗК Пелагонија и со оваа активност практично ќе се реши овој децениски проблем за да можат земјоделците навистина да го владеат земјиштето, да бидат корисници на сите мерки и програми кои што ги има министерството. Рокот е отприлика некаде 2 години кога треба да заврши целиот процес и опфатена е површина некаде околу 16.500 хектари кои што треба да бидат во скриниг процесот на овој проект“ вели министерот за земјоделие Цветан Трипуновски.

Министерот вели дека Пелагонија има огромен земјоделски потенцијал, но проблемите како што се расцепканоста на земјиштето и сопственоста го ограничува целосното искористување на земјиштето, што како што вели, особено ги засега малите земјоделски стопанства. Прашавме и за тоа каква е соработката со општината во овој дел.

„Видете, ние како министерство-локална самоуправа се ставаме целосно во функција на целиот проект, за да го забрзаме процесот, да нема застој, едноставно тоа што е започнато да биде завршено во предвидениот рок, затоа што на крај земјоделците не треба да губат повеќе време, односно треба да си го решат овој проблем кој што за жал изминатите години требало да биде започнат, не навлегувам зошто и како, меѓутоа еве ние сега се ставаме во целосна функција и сме максимално посветени и локалната самоуправа и министерството, Владата пред се, во решавање на овој горлив проблем“ вели Трипуновски.
Градоначалникот на Битола кажа дека како локална самоупрва стојат целосна на располагање во реализацијата и на овој проект.

„Со делегација од ФАО, првата половина од овој процес се заврши од 2022 година, на почетокот со претставниците од ФАО, присуствувавме во Егри и се надевам дека многу побрзо работите ќе се одвиваат, од наша страна се она што се однесува до нашите служби, до одделенијата на локалната самоуправа, тука сме да помогнеме“ рече градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Беше кажано дека во моментов се спроведува анализа на катастарските податоци и на имотно -правната состојба во пелагонискиот регион.












