Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин на 15 август во Алјаска за да преговара за прекин на војната во Украина, пишува агенцијата МИА.
Вашингтон и Москва бараат договор за ставање крај на војната во Украина и консолидирање на руската контрола врз територијата заземена за време на руската инвазија на земјата, јави Блумберг њуз.
Американските и руските претставници работат на договор што ги опфаќа гореспоменатите територии. Се очекува нацрт-текстот да биде презентиран за дискусија за време на планираниот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин следната недела, се вели во извештајот, повикувајќи се на луѓе запознаени со тоа прашање.
Засега нема потврда за таква насока на разговорите од други западни медиуми.












