ТЕРА

REKLAMA???

ЏЕЗ ВЕЧЕР СО КЛОД БОЛИНГ

Концертот Toot suite, концерт за труба и џез пијано трио, се одржа во Офицерскиот дом во рамките на Бит фест. На истиот настапија Стојанче Косовски-труба, Емилија Кабранова Филипова-пијано, Зоран Павлоски-контрабас и Филип Шурбевски-тапани. Четворицата академски музичари изведоа музика за труба, пијано, контрабас и тапани од
композиторот Клод Болинг. Оваа музика е микс од класична и џез музика и е
приемлива и интересна за секој слушател.
Тоот свитата е едно од најзначајните дела во
репертоарот за труба, каде трубачот свири на 5 различни труби. Напишана е
специјално за францускиот виртуоз трубач Морис Андре кој премиерно ја извел во
1980 година и е важно дело во репертоарот за труба и е едно од најтешките за
изведба.

Програма беше составена од:Allègre (C Trumpet), 2.Mystique (E Flat Trumpet), Garnerama-jazz piano trio, 3.Rag-Polka (B Flat Cornet), 4.Marche (B Flat Piccolo Trumpet), Jazz A la Francaise-jazz piano trio, 5.Vespérale (B Flat Flugelhorn), 6.Spirituelle (B Flat Piccolo Trumpet).

Клод Болинг има големи заслуги за  традиционалното заживување на џезот кон крајот на 1960-тите и се дружел со Оскар Петерсон. Пишува музика за 75 филмови, 44 композиции за телевизиски серии, музика за биг бенд, 11 композиции во кросовер стил за пијано, флејта, виолончело, труба, виолина, гитара, саксофон кои се микс од популарна, џез, класична музика.

Клод Болинг роден на 10 април 1930 година, е француски џез пијанист, композитор, аранжер и повремено извeдувач.

Болинг е исто така познат по серија соработки на „кросовер“ со класични музичари. Неговата свита за флејта и џез пијано трио со Жан-Пјер Рампал, мешавина од барокна елеганција со модерна нишка, е топ селер долги години, а потоа и другите дела во тој стил. Бил особено популарен во Соединетите држави, на врвот на хит-парадата две години по објавувањето и на најдобрите 40 на Билборд за 530 недели, приближно десет години.

Toot suite концертираат од 2020 година и настапиле на повеќе места.