Добивка од 10 милиони денари на инстант лозот МЕГА МИЛИОНЕР, изгребана, во „Димпо“, кај пазарот во Битола.
Од Државна лотарија велат дека инстант лозот МЕГА МИЛИОНЕР не израдува со првата добивка во вредност од 10 000 000 денари.
Ова е најголемата парична добивка на инстант лоз од почеток на приредување на инстант лотарија на Државна лотарија.
Продавачот на инстант лозот – Благојче од Димпо раскажува како во навидум обичен ден за извлекување лото, редовниот играч уплатил за учество во Лото 7 и, како и секогаш, купил уште еден инстант лоз.
Тој секогаш купувал по еден различен лоз. Сега се одлучил за Мега Милионер. Го изгребал на самото место, и видел дека има мала добивка, колку што чини лозот, но не ги земал парите, туку рекол – „ајде дај ми уште еден“.
Го изгребал и тој, но кога видел дека на него има три исти симболи, возбуден од неверување, прашал да не добил милион. Благојче го погледнал лозот, па тој уште повозбуден од играчот рекол – „Немаш милион, имаш ДЕСЕТ МИЛИОНИ!












