Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 20.02.2025 продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата . Притоа, вкупно беа издадени 181 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени се 48 платни налози.
Според статистичките показатели од вкупно 499 исконтролирани возила и возачи, прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење повторно предничат така што евидентирани се вкупно 120 прекршоци, притоа откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола –15, како и 5 возачи кои што управувале нерегистрирани возила. Покрај ова изречени се и 3 платни налози по основ на некористење сигурносен појас, потоа 3– по основ на говорење на мобилен телефон при возење, откриени се и 21 непрописно паркирани возила.
Во рамките на секторот се градовите Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.
Од полицијата велат дека сообраќајните контроли на СВР Битола продолжуваат и во наредниот период при што апелираат до возачите и пешаците да ги почитуваа сообраќајните правила и прописи.











