ТЕРА

REKLAMA???

122 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во Македонија денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев.

По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред гробот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а во Собранието на Македонија ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката.

Роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, беше убиен од османлиската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер.

Битолскиот музеј денеска организира свечено отворање на „Спомен куќата на Гоце Делчев” со почеток од 20:00 часот.