Бројот на жртви во пукањето во училиште во Русија се искачи на 13, од кои седум се деца и шест возрасни, меѓу нив два наставници и две лица од обезбедувањето, додека бројот на ренети е 21, од кои 14 се деца, соопшти националниот истражен тим.
Надлежниот гувернер Александер Бречалов на видео објавено на Телеграм настапи видно потресен. Неидентификувано лице упаднало во училиштето број 88 во Ижевск, и откако убило еден од стражарите, отворило оган во училишната зграда, првенствено пукајќи во децата, соопшти гувернерот, пишува Дојче Веле.
Според првичните информации напаѓачот бил 34годишен човек, поранешен ученик во училиштето, за време на нападот носел црна маица со нацистички симболи и бил маскиран.












