ТЕРА

REKLAMA???

130 МЕСТА ЗА ИДНИ ДОКТОРИ НА НАУКИ

До 22 овој месе трае дополнителниот конкурс за упис во третиот циклус студии на Универзитетот Св. Климент Охридски.

На сите универзитетски единици – факултетите и институтите при Универзитетот има отворени вкупно 129 места за идни доктори на науки. На Технички факултет има по три места за Сообраќајно-транспортно инженерство  и Машинство, 2 за програмата Инсдустриско инженерство и менаџмент и 3 за докторски студии по Графилко инженерство и дизајн.

На Факултетот за информатички и комуникациски технологии има вкупно 26 отворенуи места за докторски студии и тоа , 15 за Информатички науки и комјутереко инженерство и 11 за програмата ИТ менаџмент.

На Технолошко-техничкиот факултет во Велес отворени се 11 места за доктори по Иновативни технилогии и нутриционизам. На Економскиот факултет во Прилеп – 1 место е слободно за доктроската програма по Финансии, 3 за Менаџмент и 3 за Бизнис информатика ио 2 места се слободни за докторски студии по меѓународен бизнис.

Факултетот за туризам и угостителство во Охрид има слободни меса за 34 идни доктори на науки – 7 за Туризам, 12 за Менаџмент во услужен сектор и 15 за Царина и шпедиција.

На Педагошки факултет отворени се вкупно 7 места за идни доктори и тоа 2 за програмата Надареност и талентираност , 1 за програмата Настава по јазик и 4 за идни доктори по Менаџмент во образование.

Факултетот за безбедност во Скопје има слободни места за 11 доктори на науки по Безбедност.

Правниот факултет во Кичево пак годинава очекува најмноу 7 кандидати за докторски студии по Меѓународно право и меѓународна политика , 1 Казнено право и кривична правда и 3 месста за Административно право и администрација.

Факултетот за Биотерхнички науки има отворено 6 места за докторскистудии по програмата Технологија и безбедност на прехранбени производи , а Научниот Институт за тутун во Прилеп пак има отворено 3 места за доктори на науки по Технологија на производство и обработка на тутун и производи од тутун.

IУсловите и критериумите за конкурирање и запишување, спроведувањето на Конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии, документите за пријавување и запишување се врз основа на објавениот Конкурс за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола во академската 2025/2026  ојавен на веб страната на Универзитетот, www.uklo.edu.mk.