Вчера на Коледе и денес на Бадник, нов бејби бум се случи во Битола.
Во Приватната болница „Плодност“ вчера и денес се родија 14 новороденчиња од кои 8 женски, а 6 машки бебиња.

„Вчерашниот и денешниот ден беа доста динамични и исполнети со нов живот. Во празнична атмосфера, во нашата болница на Коледе и денес на Бадник се родија 14 новороденчиња коишто ја збогатија оваа година уште на самиот почеток. Меѓу породувањата имаме едно породување во вода и едно бебе родено со ИВФ“-информираат од болницата „Плодност“ од Битола.

По градови, новороденчињата доаѓаат од: Прилеп, Битола, Богданци, Демир Хисар, Охрид и Ресен.
Празничното расположение во болницата „Плодност“ продолжува со бериќетен и исполнет почеток на 2026 година.


















