ТЕРА

REKLAMA???

15 ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ЕКВАДОР

Најмалку 15 лица загинаа, а над 400 се повредени по земјотресот со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди јужниот брег на Еквадор.

Во земјотресот, кој се случи во саботата околу пладне по локално време, оштетени се повеќе згради и возила во неколку градови.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 75 километри, а бил почувствуван и во соседен Перу.