17 отсто повисока цена од сегашната е понудата на ЕСМ која денеска ја достави на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ.
48 евра за мегават час струја е цената на ЕСМ и на едниствата понуда која што денеска ја доби ЕВН, а се однесува на периодот од јули до декември оваа година.
ЕСМ соопшти дека е подготвена и дека може да ја испорача комплетната побарувачка на ЕВН ХОУМ во наредните шест месеци иако таа е зголемена за 27 отсто.
ЕСМ во првите шест месеци од годината ја испорачуваше по цена од 41 евро.
Пред неколку дена ЕСМ соопшти дека врз основа на направените анализи и пресметки, компнанијата утврди дека е во состојба да ги обезбеди вкупните количини на електрична енергија кои му се потребни на ЕВН Хоме, односно 100% да ги покрие потребите на Универзалниот снабдувач за граѓаните и малите потрошувачи (законот за оваа година го обврзува ЕСМ за 60%), како и целосно покривање на техничките загуби во системот на ЕВН Електродистрибуција и целосно покривање на техничките загуби во системот на МЕПСО. За таа цел, АД ЕСМ го зголеми планот за производство на електрична енергија за 2022г. за 20% од производството во 2021г.
Конзумот на ЕВН Хоме е зголемен за 27% , поради префрлањето на потрошувачи од слободниот на регулираниот пазар (деловни субјекти, општини, јавно осветлување).
Дополнителните потреби на ЕВН Хоме и на ЕВН Електродистрибуција ќе ги задоволиме со дополнителна набавка на јаглен за зголемување на производството од термоелектраните Битола и Осломеј, како и обезбедување доволни количини мазут за работа на ТЕЦ Неготино, рекоа од ЕСМ.












