Бројот на жртви од големата експлозија во пристаништето Раџаи во градот Бандар Абас на југот на Иран се зголеми на 18, а бројот на повредени на повеќе од 800, додека шест лица се водат како исчезнати, изјави началникот на одделот за управување со вонредни состојби во иранската покраина Хормозган, Мехрдад Хасанзаде.
Портпаролот на иранската Организација за управување со кризи, Хосеин Зафари, изјави дека лошото складирање на хемикалии во контејнерите во пристаништето Раџаи е причина за несреќата.












