„Разведи ме/ Две нијанси црвена“, претставата на театар „Провокација“ од Скопје, во режија на Роберт Ристов, брше изведена во Центарот за култура во Битола.
Претставата на еден експлицитен начин, без непотребни цензури, се занимава со причините кои најчесто знаат да доведат до распаѓање на бракот.

„Ситуациите кои ги третираме во претставата ќе ве натераат да погледнете на работите од поинаква перспектива и да ги преиспитате своите ставови околу одредени прашања кои многу често си ги поставувате на себе во дијалогот што го водите пред огледало. Дали љубовта кон себеси го намалува интензитетот на сакањето на партнерот? Каде е границата? Дали треба безрезервно да му се верува на партнерот? Дали доколку постои неверство, мора да се запечати со РАЗВОД? Дали простувањето на неверството е вистинскиот чекор со кој ќе ги спасиме бракот и љубовта во која сме вложувале со години? Дали по неверството сме засекогаш „оштетени“ луѓе кои никогаш повеќе нема да умеат искрено да сакаат и да веруваат? Дали вреди да се продолжи бракот заради децата? Како можеме да го процениме квалитетот на врската/бракот? Дали љубовта е „прекинувачот“ за нашата среќа? Овие скокотливи теми се експлицитно отворени и дефинитивно ја ставаат публиката во ситуација да ги преиспита воспоставените општествено-морални вредности.

Во претставата играат актерите: Роберт Ристов и Мирјана Поповска Ристов. Режијата е на Роберт Ристов, а во снимените видеа играат актерите Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски (таткото).
Изминатите два месеци претставата гостуваше во Сараево, Бања Луке, Вараждин, Шид и низ повеќе градови во Македонија, а следува гостувањето во Белград.












