Младата репрезентација на Македонија до 21 година беше поразена од Украина со 4-0 на последниот натпревар од овој квалификациски циклус за пласман на ЕО 2023 во Романија и Грузија
Противникот успеа да постигне четири погодоци во второто полувреме. Украина со оваа победа го потврди второто место во групата. Македонија одигра добро прво полувреме, не му дозволи на противникот посериозно да притисне и да се закани по нашиот гол. Во неколку наврати успеавме и да се заканиме по голот на противникот.
По една одлична акција, Украина во 69. минута, конечно, успеа да го отвори резултатот со погодокот на В’Иник. Веќе во следниот напад примивме и втор гол. Судаков успеа да искористи невнимание во нашата одбрана и погоди за 2-0.
До крајот на натпреварот Судаков постигна уште два гола за конечни 4-0.












