ТЕРА

REKLAMA???

2 ЛИЦА УБИЕНИ И 19 РАНЕТИ ВО НАПАД ВО НОЌЕН КЛУБ ВО ОСЛО

Најмалку две лица загинаа, а 19 се повредени во пукање во ноќен клуб и околните улици во Осло.

Според локалните медиуми, во тој клуб се одржувал настан во врска со парадата на гордоста која требаше да се одржи денеска во Осло, но е откажана.

Инцидентот се случил околу еден час по полноќ.

Норвешката полиција добила повик за масовно пукање во центарот на градот, а откако пристигнале успеале да го совладаат напаѓачот.

Дел од медиумите пишуваат дека полицијата го третира настанот како терористички напад.