Се оджа вонредна седница на Советот на Општина битола. Советниците со едноминутно молчење оддадоа почит на трагично загинатите во пожарот во големата трагедија во дискотеката во Кочани.
Претседателката на Советот Габриела Илиевска истакна дека е донесена одлука да се издвојат два милиони денари, од кои еден милион ќе бидат одвоени за семејствата на починатите, а еден милион ќе бидат наменети за повредените лица во пожарот.
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски уште еднаш изрази длабоко сочувство за случувањата на 16 март во Кочани.
„Битола е град на солидарноста. Како и секогаш, заедно со сите советнички групи, претседателката на Советот и координаторите, се одлучивме за оваа иницијатива, која претставува скромна помош за семејствата на настраданите и повредените лица“.
На вонредната седница на Советот на општина Битола, советниците изгласаа да се донесе одлука за еднократна фиансиска помош на семејствата на настраданите и повредените во немилиот настан во Кочани.
Битола сочувствува со болката на семејствата на настраданите и повредените лица и уште еднаш, советниците, преку единство, покажаа достоинство и почит за една од најголемите трагедии во земјава.