ТЕРА

REKLAMA???

20 кувари спремија над 4.500 порции бадников ручек за граѓаните на Кавадарци

Кавадарчани ја продолжија традицијата на сплотеност и еднаквост. Тие денеска се собраа на заеднички бадников ручек.

Над 20 готвачи поделија повеќе од 4.500 порции ручек на настан кој веќе петта година по ред ја негува Христијанската вера. Тимот на врвни професионални готвачи го предводеше шеф Горан Филипов.



Со ова во Кавадарци продолжи традицијата на Заедничкиот Бадников ручек, отворен за секого. Настанот се реализира во организација на Општина Кавадарци, со поддршка на општествено одговорни компании и спонзори.



Најубавите празници се оние што се споделуваа – порача градоначалникот Митко Јанчев, потенцирајќи дека идејата на настанот е Бадник да се дочека заедно – со трпеза, дружење и искрени насмевки.
„Голема благодарност до сите професионални готвачи кои речиси 12 часа неуморно готвеа за денешниот Бадников ручек, со кој во пресрет на Божиќните празници беа послужени над 4500 граѓани. Петта година по ред, куварската фела со срце и посветеност се грижи граѓаните да добијат топол оброк за најголемиот христијански празник.“-рече градоначалникот.