Американскиот државен секретар Ентони Блинкен потврди дека во Судан било пукано врз американски дипломатски конвој иако возилата биле видно обележани со американски знамиња… Инцидентот поминал без жртви, а од Стејт департментот соопштија дека за инцидентот Блинкен разговарал со генералот Абдел Фатах ал-Бурхан, шефот на преодниот владејачки суверен совет на Судан, и паравоените сили за брза поддршка, предводени од генералот Мохамед Хамдан Дагало, и ги повикал двајцата лидери да се согласат на прекин на огнот.
Според Блинкен и двајцата имаат одговорност да „обезбедат безбедност и благосостојба на цивилите, дипломатскиот персонал и хуманитарните работници.












