ТЕРА

REKLAMA???

22 ЛИЦА ЗАГИНАА ВО НАПАД НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО УКРАИНА

На Денот на независноста на Украина, на кој се навршуваа и шест месеци од почетокот на руската инвазија, според властите во Киев, во руски ракетен напад врз железничката станица во местото Чаплине загинале 22 лица, а десетици се повредени.

„Штотуку добив информација за руски ракетен напад врз железничката станица во регионот Днепропетровск, врз вагоните на станицата Чаплине. Четири патнички вагони се во пламен“ изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски, обраќајќи се пред Советот за безбедност на ОН преку видео врска.

Тој додаде дека Украина „ќе ги натера агресорите да платат за сè што направиле и ќе ги протера од неговата земја“.