ТЕРА

REKLAMA???

23-ТО ИЗДАНИЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ НА МОНОДРАМА Е ПОД МОТОТО „ПОМЕЃУ“

Под мотото „Помеѓу“ ќе се одржи 23-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола. Свеченото отворање е на 14-ти мај, сабота, во Големата сала на Народниот театар во Битола со гостувањето на МНТ од Скопје со наградуваната претставата „Само глас“. Оваа претстава е во режија на Марјан Неќак, а во изведба на Звездана Ангеловска.

Интернационалниот Фестивал на Монодрама ќе живее 7 денови зад отворени врати со своја официјална и офф програма.

Програмата официјално беше соопштена на прес-конференцијата .

„Овој фестивал е запишан во Унеско фестивалите One man show. Минатата година имавме македонски фестивал заради тоа што границите сеуште беа затворени. Оваа година ни се случува фестивал на кој ќе допатуваат гости од цел свет. Имавме над 70 апликации од целиот свет, со тоа што само 11 беа од Хрватска. Логото „Помеѓу“ треба да зборува што се случуваше во овие години, пред короната и сега после короната“, истакна директорката на Центарот за култура, Маја Андоновски Илијевски.

Жири комисијата ќе биде составена од режисерот Владимир Милчин, актерката Бедиа Бегова и македонскиот писател и драмски уметник Сашо Димоски. Селектор на фестивалот е доајенот на македонскиот тетатар, актерот Петар Мирчевски. 

„Навистина е за поздравување што на овој фестивал има земји како што се Англија, Шпанија, Израел, Азербејџан, Хрватска, Бугарија, Романија, Молдавија и сето тоа на едно завидно ниво. Можам да споменам дека и жанровски е различен фестивалот“, истакна Петар Мирчевски. 

На годинешното издание ќе бидат изведени монодрами од 11 земји од светот од врвни авторски, режисерски и актерски имиња.

Претставите започнувајќи од 14-ти мај  ќе се играат на неколку различни сцени низ Битола и тоа во големата сала на Народниот тетар, во големата сала на Центарот за култура, во сцената под ротација, новата сцена.

Фестивалот кој е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола, завршува на 21 мај со  прогласување на наградените и изведба на претставата во нивна чест од Драмски театар Скопје, „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ.

Фотографии Центар за култура.