Денес се навршуваат 24 години од нападот врз припадници на Македонската армија кај местото Гајре. делегации на министерствата за одбрана, внатрешни работи, од општина Битола и членови на семејствата денеска оддадоа почит на нивната жртва за одбрана на Македонија.

24 години изминаа откако Македонскаа држава живееше во услови на вооружени акции, вооружен конфликт во кој припадници на македонската армија и полиција застанаа во одбрана на дејствијата што ги спроведуваа екстремни членови на ослободителната албанска армија ОНА.

На денешен ден пред 2 години во близина на селото Гајре, во вооружен напад загинаа Благојче Сиљанов,Влатко Миленковски и Пеце Матичевски,воени резервисти,припадници на баталјонот на Воена полиција од Битолскиот корпус. На денешен ден овие воени обврзници беа испратени на терен од битолското одделение за одбрана за регион Битола со градовите Битола, Ресен и демир Хисар. Менде Солунчевски е сега раководител на одделението за одбрана за регион Битола со градовите Битола, Ресен и Демир Хисар.

Нападот врз македонските сили во Гајре се случи во моменти кога вооружениот конфликт ескалираше на територијата на Куманово, и доминантно албанските градови Тетово и Гостивар, а тогашниот македонски премиер Љубчо Горгиевски по втор пат од Парламентот бараше прогласување на воена состојба, наспроти тивката скоро никакв реакција од ЕУ и НАТО силите од кои тогашнот претседател Борис Трајковски бараше помош. Нападот се случи врз возило кое превезувало храна за безбедносните сили, a престрелката продолжила и со возилата за медицинска помош и обезбедување што биле испратени на теренот.

Солунчевски работи на книга којашто ќе ги понуди детаљите за овој трагичен настан од воениот конфликт во кој се дефинира македонската современа држава, нејзиниот интегритет, нејзиниот суверенитет.

Чествувањето на денот на погибијата најпрвин започнува со помен на вечните почивалишта на загинатите – во црквата Св. Атанас во Новаци од кадешто е родум Пеце Матичевски и во црквата Св. Недела за Благојче и Влатко. Свежото цвеќе положено на споменикот пред саат кулата во Битола е само еден сегмент, оттука свежо цвеќе се положува и на споменикот во поранешната касарна во Битола. Се организира и турнир во мал фудбал, годинава со четири екипи – РЕК Битола, Општина Новаци , СВР Битола и од гарнизнонот во Прилеп.

Свежо свеќе денеска поставија заменик градоначалникот Бојан Бојковски, претставници на советниците од советите на општините Битола, Новаци, Могила , претставници на политичките партии од градот, делегација од Министерството за одбрана – гарнизонот во Прилеп, делегација од СВР Битола, Организацијата на резервисти од Битола, Сојузот на борци, здружението на ветерани на одбраната и безбедносните служби, здруженијата на пензионери од Битола и Новаци и семејствата Матичевски, Миленковски, Силјанови.












