Универзитетот „Св. Климент Охридски“ објави дополнителен конкурс за прв циклус студии. Пријавувањата започнуваат утре, на сите универзитетски единици има вкупно 1.612 слободни места.
30% повеќе е бројот запишани студенти на факултетите на универзитетот „Св. Климент Охридски“во споредба со претходната година соопшти ректоратот на Универзитетот на почетокот на овој месец по завршувањето на првиот уписен рок. На 11те универзитетски единици сеуште има слободни места за редовни студенти во државна квота и со ко-финансирање, а на некои има и за вонредни.
Универзитетот вчера го објави дополнителниот конкурс за прв циклус студии – втор уписен рок.

На Техничкиот факултет има слободни места за 291 студент, на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – 129, на Технолошо-техничкиот факултет во Велес за вкупно 86 студенти и тоа 70 редовни во државна квота и само 16 вонредни.
На Економски факултет Прилеп има 191 слободни места за сите три категории студенти, исто како и за Факултетот за туризам и угостителство во Охрид кадешто слободни се места за 206 кандидати.
На Педагошки има 156 слободни места, на Факултет за безбедост – 139, а на Правен факултет останале 141 слободно место. На Факултетот за биотехнички науки во Битола слободни останале 101 место, на Ветеринарниот факултет на студиите за ветеринарна
медицина останаа само 33 слободни места и тоа 18 за студенти во државна квота и 15 за кандидати кои би студирале со плаќање на школарина.
На Високата медицинска школа има вкупно 139 места за кандидати во дополнителниот конкурс за уписи, но најголемиот број се однесува на кандидати кои би студирале со кофинансирање па вонредно, додека за редовни студенти во државна квота, има по едно слободно место за насоките Медицинско-лабораториски техничар и Радиолошки технолози, а 4 за струката Акушерки.
Пријавувањето трае од утре 13 септември до 16 септември. На 17 септември, на единиците на коишто се реализираат студиски програми на англиски јазик ќе се спроведе претходна проверка на нивото на познавање на англискиот јазик за пријавените кандидати на овие студиските програми , а на Педагошкиот факултет пак ќе се изврши претходно. Универзитетот ќе го објави
решението за прием на кандидатите на 20 септемри, а запишувањето на кандидатите ќе се
реализира на 23 септември.
Повеќе информации на uklo.edu.mk












