ТЕРА

REKLAMA???

250€ ВАУЧЕР ЗА СЕКОЈ СТУДЕНТ НОВ ПРОЕКТ НА ВЛАДАТА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на 33-тата годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, објави амбициозни проекти за поддршка на младите:

250 евра ваучер за таблети за сите студенти и 10 милиони евра фонд за развој на бизниси за млади од 18 до 29 години.

„Прво, ќе поддржи со новиот буџет кој е во изработка, ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди за сите, за сите студенти во Македонија, за сите до еден.

Второ, ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години со новиот буџет, во зависност од бизнисот и планот. Посебна комисија под строги критериуми во која ќе членуваат претставници на неколку институции, ќе издвојува средства и ќе ја одредува висината на помошта. Ќе има реален надзор, дали вистински се трошат средствата за таа намена. Вредноста ќе биде од 1000 евра до 30 илјади евра за проект.

ВМРО-ДПМНЕ верува во младите и во нивниот потенцијал затоа презема вакви мерки. Ова ќе помогне во развивање на државата”, рече Мицкоски.