ТЕРА

REKLAMA???

2,6 % ИНФЛАЦИЈА ВО СЕПТЕМВРИ

Трошоците на живот во септември на годишно ниво се повисоки за 2,6% , а цените на мало за 3,3отсто. Инфлацијата кон крајот на годината расте.

Годишната стапка на инфлација во Македонија во септември годинава се искачи на 2,6 % во септември. Споредувано со претходниот месец, август 2024, инфлацијата е повисока за 2,2% .

Во Македонија најважна категорија во индексот на потрошувачки цени е Храна и безалкохолни пијалоци (40 отсто од вкупната пресметка). Домување и комунални услуги учествуваат со 13 проценти; Транспорт за 8 проценти; Облека и обувки за 7 проценти; Мебел, опрема за домаќинство и одржување за 6 проценти; и Ресторани и хотели за 6 отсто. Разни стоки и услуги; Алкохолни пијалоци, тутун и наркотици; Здравје; Комуникација; Рекреација и култура; и Образованието сочинуваат преостанати 21 отсто од вкупната пресметка.

Оттука, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, изнесува 0.3 %. Но, имајќи предвид дека во месец август цените беа зголемени за 0,5%, македонците го отворија октомври со 0,8% повисоки цени. Според деталите на Државниот завод за статистика, храната и безалкохолните пијалоци во септември биле повисоки за 1,7%, мебелот и покуќнината со трошоците за одржување на домаќинствата за 1,1%, цените за комиуникации се повисоки за 0.9%, трошоците за разновидни услуги и стоки во септември биле повисоки за 0,5%, во образованието за 3% , а во здравството за 0,1% .

Пад на цените во месец септември споредувано со август има во цените за хотели и ресторани и  рекреација и култура.