ТЕРА

REKLAMA???

КОМБИНИРАНИ ИГРАЛИШТА НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ

Комбинирани времени игралишта за кошарка и фудбал на мали голчиња. Вака е бележано на три попречни улици во населбата „Недопирливи“, ни рекоа од фирмата изведувач БВ Инженеринг. Станува збор за улиците „Сотир Брбевски“, „12 кладенци“ и „Милтон Манаки“.

Изведувачот на работите го спроведувал проектот на Светска банка. Пред извесно време пак јавното претпријатие „Паркинзи“ било ангажирано за обележување на овие игралишта.

Средината на изминатиот месец беше кажано дека привршува проектот во населбата “Недопирливи” и дека временските услови придонесоа годинава порано да започниме со активностите околу бележењето на хоризонталната сигнализација, информираа од „Паркинзи“.

Во проектот било предвидно, условно речено, враќање на улиците на жителите, дотолку повеќе што се работело за улици со мала фрекфенција на сообраќај и се еднонасочни улици.

Ова значи дека наместо да се цртаат со креди или парчиња од ќерамиди, како некогаш локации за играње, не потсетува директорот на „Паркинзи“ Михајловски, сега луѓето од запад предвиделе обележување со бела боја и точни позиции каде може да се постават монтажни голчиња и кошеви.