ТЕРА

REKLAMA???

2700 БЕСПЛАТНИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ ГРИП НА ПОЧЕТОКОТ НА ВАКЦИНАЦИЈАТА ВО БИТОЛА

Во Центарот за јавно здравје Битола започнa вакцинацијата против сезонски грип. Од таму велат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за следните ризични групи.

-Стари лица (над 65 години);

-Лица со хронични заболувања;

– Здравствени работници;

-Бремени жени;

-Деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Од вчера во битолскиот центар има 2700 вакцини за ризичните групи, плус 400 за Ресен и 200 за Демир Хисар. Во зависно од интересот, односно пријавувањето на мој термин, така центарот ќе добива нови количини од бесплатните вакцини.

А, за оние кои не ги исполнуваат критериумите за бесплатна вакцинација, набавени се 250 комерцијални вакцини, чија цена изнесува 700 денари.

Ланската година биле аплицирани 6700 вакцини против грип. Од нив само 300 биле комерцијални.