ТЕРА

REKLAMA???

ИСЕЧЕН АСФАЛТ КАЈ БУЛЕВАРСКИОТ ВЛЕЗ, ЌЕ СЕ САДАТ ДРВJА

Исечен асфалт на тротоарските површини во делот каде што се гради булеварскиот влез на Битола во населбата Горно Оризари отвори прашања кај граѓаните што се случува. Зошто е исечен нов асфалт?

Се асфалтира па се сече, коментираат граѓаните. Работа, работа и само работа, но кој ги плаќа овие експерименти и дали асфалтирањето па сечењето е предвидено во буџетот за булеварот и колку тоа кошта, зошто никој не направил пресметка и анализа да не се трошат народни пари бадијала. Доколку е превид или грешка кој ќе ја плати штетата, коментираат граѓаните.

Поради ова се обративме во општина Битола од каде добивме одговор дека во моментот се вршат подготовки со засекување на асфалтот поради имплементирање на проектот каде што е предвидено на тоа место да се засадат дрвја. Таму во наредна фаза ќе следува комлетно хортикултурно уредување на улицата 8 Септември, одговорија од општина Битола.

Инаку, локацијата е во близина на местото каде пред еден месец поради дождовите беше оштетен асфалтот. Тој случај предизвика сериозни критики бидејќи се работи за нов асфалт.