ТЕРА

REKLAMA???

29 ЛИЦА ЗАГИНАА ВО ПОЖАР ВО БОЛНИЦА ВО ПЕКИНГ

Бројот на загинати во пожарот што ја зафати болницата во главниот град на Кина се искачи на 29. Градските власти соопштија дека на пожарникарските служби им било потребно најмалку половина час за да го изгаснат пожарот, пишува Радио Слободна Европа.

Заменик- градоначалникот на Пекинг Ли Зонгронг изрази „длабоко сочувство“. Жртвите се 16 жени и 13 мажи, рече Ли.

„Чувствуваме длабоко каење и вина“, изјави тој пред новинарите.

Дванаесет лица, вклучувајќи го и директорот на објектот, се приведени во врска со пожарот, изјави Сун Хаитао од Бирото за јавна безбедност на Пекинг.

Тој посочи дека дека меѓу приведените имало и претставници од компанија која ја реновирала болницата.