ТЕРА

REKLAMA???

30 ГОДИНИ ГО ЧУВАЛ ЛЕТОКОТ ЗА ОТВОРАЊЕТО НА ТЕРА

Утрово пријатно не изненади посетата на нашиот сограѓанин  г.Ристо Гроздановски кој ни донесе за нас значаен подарок. Имено пред триесет години на 7 април со авион биле фрлани летоци за отварањето на Тв Тера. Гроздановски цели 30 години го чувал летокот во домашниот Атлас, а воочи нашиот 30 годишен јубилеј одлучил истиот да ни го подари нам.

Срдечна благодарност од нас за убавиот гест кој само ја потврдува нашата цел- на страната на гледачите.

Инаку пред 30 години логото на ТВ Тера го изработи Андреј Нашоку, графичката обработка беше на фирмата „ПЕМА“ во сопственост на Драга Поп Ристова, а печатењето во тогашната најдобра печатница „Микена“- Битола. На 7 април во 1993 година со помош на авион од Аероклубот Мирко Тодоровски беа фрлени 20 илјади летоци за отворањето на ТЕРА ТВ.