ТЕРА

REKLAMA???

30.000 евра за семафори

Колективен е напорот за идејно сообраќајно решение за надминуавње на трката меѓу печаците и возачите на автомобили кој прв ќе помине кај Епинал и на Солунска. Тоа барем се заклучува од одговорите коишто денеска пристигнаа од Општина Битола.

Снимајќи во текот на нивното поставување на потегот раскрсница помеѓу Широк Сокак и Димитар Илиевски Муратот, граѓаните што ние ги снимивме не беа многу воодушевени.

Општината во својот одговор вели дека „семафорите се поставени врз основа на „Измени и дополнувања на ОСновен сообраќаен проект за воведување на светлосни знаци за управување со сообраќајот на крстосниците на ул. Широк Сокак со ул. Димитар Илиевски Мурато и со ул. Солунска и воведувње на пешачка зона на плоштад Гоце Делчев во општина Битола заведен со технички бро 23/24 од месец Јули, 2024 година.“

Рекоа дека „автор на сообраќајното решение е Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг, Битола“, (оттука заклучокот дека е колективно авторство).

ТЕРА праша и кога и врз основа на која јава набавка се набавени семафорите? Општината врати одговор „Семафорите се набавени врз основа на јавна набавка за псотавување на семафори за пешачки премини кај Камен Мoст и Епинал , броj ЈН 17449/2025 година.

Вкупно чинат 1.800,000 денари со вклучен ДДВ (или 29.268 евр, приближно 30.000 евра ) и, денеска добиениот одговор вели дека семафорите ќе бидат ставени во функција во текот на наредната недела (што подразбира дека се очекува оваа недела).