ТЕРА

REKLAMA???

30 години СиДо детски музички фестивал

Фестивалот СиДо оваа година го бележи 30 години од постоењето кој е предпознатлив бренд во нашата држава а посебно во нашиот град од кој имаат произлезено голем број на детски хитови и познати имиња на македонската музичка сцена.

Подготовките за секое издание како и за ова се одвиваат преку целата година, со
посебен акцент на квалитетот и симболиката на јубилејот кој ќе се оддржи во центарот за култура во Битола на 6 и 7 мај. Изминатиот период се работеше на селекцијата на
композициите и изведувачите, па техничка продукција, организација на сценскиот настап и вклучување на поранешни учесници за да се задржи континуитетот и традицијата.

„Оваа година фестивалот ќе има проширена програма, поделена во два
дена. Првиот ден ќе биде традиционален, како и секоја година – ќе бидат
изведени 18 нови детски песни, можам да кажам дека оваа година ќе имаме многу
хитови, со учество и на некој гостин од соседните земји и со многу изненадувања како за изведувачите така и за публиката. Вториот ден ќе биде голем предизвик за нас со еден
ретроспективен концерт со голема чест и задоволство да откријам дека спремаме нешто спектакуларно 30 годишнината да ја оддбележиме со тоа што изведувачите на најголемите СиДо хитови ќе блеснат повторно на сцената и ќе ги отпеат хитовите кои се пееја низ годините , ретроспектива на најголемите детски хитови од фестивалот досега, со настап на поранешните учесници, каде ќе можат да се потсетат и да уживаат повеќе
генерации.

Особено е важно што фестивалот Си-До создава вредности кои траат. Целта не е
само моментален успех или настап, туку градење и оставање на богато културно-музичко наследство кое ќе го користат и надградуваат идните генерации. Преку песните, спомените и искуствата, фестивалот станува дел од колективниот идентитет, пренесувајќи
инспирација и љубов кон музиката од генерација на генерација.