Mакедонската држава в недела ќе ја одбележи 33 годишнината од референдумот со кој и формално правно се одвои од југословенската заедница и го започна животот на независна и суверена држава.
Оваа недела Македонија ќе одбележи 33 години независност. На 8 септември 1991 година преку 95% од граѓаните кои излегоа на референдум одлучија Македонија да биде демократска, модерна држава, во која суверенитетот го носат граѓаните, а нив ги претставуваат претседател и еднодомен парламент.
По 33 години живот во независна држава, што мислите, дали граѓаните на Битола и Македонија се среќни и задоволни?
Една госпоѓа се осврна на битолскиот начин на живот, вели „со политиката…тешко“. Повозрасен господин задоволството го поврза со парите, а еден помлад господин кој беше излезен со своето бебе предложи со камерата да ги снимиме лицата на Широк Сокак и да ја пронајдеме нивната насмевка.
Кога малку повеќе се разговара со секој од нас, веднаш се добива впечатокот зошто нема насмевка на лицата на многу низ улиците. Госпоѓата која ни кажа дека „нема институции“ сподели и зошто ‘и е таков впечатокот – има личен проблем со дозволи и потреба секојдневно да е по институциите.

По референдумот, следниот важен чекор бее усвојувањето на новио Устав на 17 ноември 1991 година. Генерациите што сведочеа на животот во заедничката Југославија беа збунети, а помладата генерација ги поставуваше основите.
Повозрасен господин направи споредба на животот пред независноста и во нејзините почетоци, вели сега стандардот е подобар „тоаш бевме на нула“.
Две години подоцна, во 1993 државата Поранешна Југословенска Република Македонија стана дел од Он, доживеа вооружен конфликт во 2001 година, од 2005 го започна својот кандидатски статус за членство во ЕУ, имаше и уште еден друг референдум за промена на името, го промени името и стана членка на НАТО.












