ТЕРА

REKLAMA???

33 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 ПОСЛЕДНИТЕ 4 ДЕНА ВО БИТОЛА

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 4 дена направени се  2949 тестови, а регистрирани се 583 нови случаи на ковид 19 од кои 33 во Битола.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 130 реинфекции.

За последните 4 дена регистрирани се вкупно 352 оздравени пациенти, од кои 23 од Битола.

Од 01.07 до 04.07.2022 не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Од вкупно направените тестови преку ЦЈЗ Битола за време на викендот се направени 37 тестови, а ист број се направени и во вчерашниот ден. Во Плодност за последните 4 дена направени се 25 тестови.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Битола      15854, Активни    71

Прилеп      14285, Активни    38

Кичево      5673, Активни     9

Ресен  2761, Активни       2      

Крушево     933, Активни      2

Демир Хисар  837, Активни      1

Македонски Брод   744, Активни      1

Со нагло зголемен број на заразени и со два смртни случаи од коронавирусот заврши неделата што измина по подолгиот период на релативно мирната состојба во однос на пандемијата во земјава. Но, истовремено, сличен тренд е забележан и во повеќето други земји, а во некои од нив се зборува и за подготовки за таканаречениот есенски бран. Експертите ја објаснуваат новонастанатата ситуација исто како и лани и преклани, со претходно олабавени мерки за заштита на јавното здравје, намалено внимание на граѓаните, поголема раздвиженост поради летните одмори и со поинтензивно користење на клима-уредите.