ТЕРА

REKLAMA???

35 САНКЦИИ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ

На 19.07.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната.

Притоа, санкционирани биле 35 возачи, од кои 18 санкции се изречени за пречекорување на брзината во населено мести и 17 надвор од населено место.

Од СВР Битола велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.