Полицијата соопшти дека вчера спроведена била засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, санкционирани се 42 пешаци од кои, 37 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин…
За време на контролата регистрирани се и 21 останати прекршоци.
Од СВР Битола велат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.












