Денеска Советот на Општина Битола ја одржува 43 седница. На дневен ред се 52 точки од областа на образованието, неколку прелог планови за вработувања во општинските установи и измена и дополнување на Развојната програма, состојбите во Зоолошката градина и именување и разрешување на советници – пополнување на советот заради оставките кои ги поднеле совентници именувани на други , државни функции.
Дали основните училишта завршиле добра работа во образувањето на школската младина и дали ги потрошиле парите според предвидените законски норми и општински изим? Годишните програми за работа на 11 основни училишта и извештаите за работа за 2023 /2024 школска година се на дневен ред. Три точки се однесуваат на разгледување на плановите за вработувања во општинските „Сју Рајдер“, градинките „Естреја Овадија Мара“ и Зоолошката за 2025 година. За домот за згрижување лица Министерството за социјална политика, демографија и млади веќе даде одобрување , Зоолошката градина својот план го има претставено во 20 слики на скениран документ , во градинките „Естреја Овадија Мара“ в година ќе се пензионира градинарот, но потребни се и вработувања на неколку административни и други помошници.

На дневен ред е и првата измена во Програмата за животна средина – во делот за Субвенционирање на инвертер клима уреди. Имено, од планираните 2 милиони денари, со ребалансот на буџетот беа зголемени за 1 милион, па измената подразбира дека треба да биде изгласано вкупно 3 миилиони денари за клима уреди. На дневен ред се и Програмата за развојни планови на Општина Битола, и дополнувањата кои советниците денеска едногласно ги донесоа а се однесуваат на промени во Деталниот урбанистички план на просторот кај поранешната фабрика за фрижидери. Две од точките се Одлука и Заклучок кои ќе ја исправат Владата пред потребата да разгледува и дискутира изградба на гондола на Пелистер и да ја разгледува состојбата со зоолошката градина во градот.
До заклучувањето на вестите во 16.55 часот, седницата не беше завршена.












