ТЕРА

REKLAMA???

46 ГОДИНИ УКЛО

 

Универзитетот Св. Климент Охридски денеска го прославува својот 46-ти роденден. Годинава под мотото „Корени и Крилја“ – симболично претставувајќи го сопоственото значење во образовниот,  научниот  и културниот  развој на современото македонско општество.

Во минатото започна иднината и секоја иднина е резултат на минатото. А пред 46 години, во Битола се основа вториот универзитет на македонската држава- битолскиот, кој по 15 години на Св. Климент Охридски го доби името на овој македонски просветител.

Низ својата петта деценија Универзитетот смело чекори по европските високо-образовни институции, стана членка на Алијансата КОЛОРС, има поголем број запишани студенти од пртходно и го вклучува бизнисот, општеството, младите во својата работа. „Корени и Крилја“ подразбира дека со навраќањето наназад, претставуваат и тоа што подразбира иднина, можностите кои младите генерации ги имаат – рече ректорот проф.Д-р Игор Неделковски.

 

На панел дискусијата со којашто започна денот, прозвучија барањата и потребите на младата генерација – да имаат факултет во својата околина, да има факултетски насоки како во светот.  Средношколците бараат универзитетите да се отворени, наставната програма – со практична работа и во државата по дипломирање да имаат работно место. Ако нема кога од прва ќе побараат работа, сите го бараат својот пат за професионален напредок и егзистенција надвор. – порача директорката на средното училиште „Цар Самоил“ од Ресен, Динче Кочевска, како претсатвник на сите директори на средните училишта од регионот.

На Универзитетот Св, Климент Охридски , со факултетски единици поставени во 6 градови од регионот се гледа како институција која ќе го обезбеди ова. И веќе има поставено врски и принципи. Еден од примерите е соработката со Општина Битола. Градоначалникот Тони Коњановски пред медиумите и на панел дискусијата зборуваше за фактот дека со Универзитетот ја негуваат соработката од моментот на изборот на двајцата на раководните позиции – тој градоначалник а Неделковски ректор, па веднаш воспоставената соработка продолжила како заемно поддржување во однос на младите, волотерите и практикантите. Општината и Универзитетот спроведуваат летна практикантска програма за студенти.

Ова е основата којашто ги импресионира високите гости што деновиве се присутни на секој од настаните. Посветеноста на сите што ги обединува Униеврзитетот е најсилниот впечаток на Хајке Траумптман, претсеедателка на Алијанската од пред 1 месец.

Додека се дебатираше за вистинската улога на универзитетите во заедницата кадешто опстојуваат, на платото на Офицерски граѓаните имаа можност да се запознаат со партнерите на УКЛО од бизнис заедницата и невладиниот сектор. И мобилната единица на УКЛО КОЛОРС беше поставена, штандови на кои беа претставени сите факултетски единици,  а низ нив се движеа, зборуваа, земаа од рекламните материјали средношколци – најпрвин најбројни од економското во Прилеп,  ги имаше и од битолските училишта, студенти, и по некој возрасен.

Кампањата „Корени и Крилја“ го имаше својот конкурс за средношколски творби, кој им овозможува на средношколците да ги покажат своите таленти и да се запознаат со можностите што Универзитетот ги нуди за нивното идно образование. Доделени беа благодарници на сите кои учествуваа и ги покажаа своите таленти , а истовремено се запознаа со можностите што ги нуди овој Универзитет.

Иновативноста фацилитирана од алијансата подразбираше дека УКЛО започна како субјект кој придонесува со своето знаење, но денеска сме ко-креатори и, тоа е култура на живеење којашто треба да на научиме ние од овој дел на Европа – наместо како што вообичаено ни кажуваат што да направиме,  ние активно партиципираме, креираме и тоа е  неверојатно, рече проф. Д-р Рената Петровска Нечковска, најавувајќи два нови сегменти – УКЛО јуниорс и кампањата Корени и Крилја – европска диплома дома.

УКЛО очигледно се носи со европските предизвици на денешницата од демографски промени, преку политички и климатскипромени, до пандемијата, вели извршната директорка на Алијанса,пороф. Д-р  Анет Клинкард денеска пред медиумите,изразувајќи задоволство што УКЛО е витален дел од Алијансата.

Aнет Клинкард, извршен директор на Алијанса КОЛОРС вели „УКЛО е модел кој треба да се ископира за тоа како младите луѓе може да се вклучат во обликување на иднината на Европа. Oвие партнери ја поставуваат основата во вклучување на средношколци кон Универзитетот, дури и помлада генерации од тие во активната улога на студенти коишто ги гледаме денеска и горди сме што ве имаме овде и што вие ја обликувате младата генерација европејци кои работат заедно.“

Внимателен  деновиве, кон настаните и се што се презентира, низ секој од разговорите што ги водел е третиот член на високата делегација, Крис Шатка,  офицер за квалитет на КОЛОРС – човек кој се грижи сите иницијативи и реализирани настани да бидат во согласност со договорот што го има со Европската Унија. „Јас сум многу импресиониран, УКЛО се претстави себеси како еднаков и посветен партнер. Видовме единствен и креативен пристап на ангажирање на  сите засегнати страни и на младите генерации.“

Веднаш по панел дискусијата, се одржа Светкото кафуле (World Café) – низ неформални, а куси – 5-6 минутни средби  со закуска, ограничени со ѕвоно, ректорите и проректорите, членови на администрацијата и професори ги претставуваа сите аспекти од работата на Универзитетот – од КОЛОРС до финансии.

Одбележувањето пополадевно продолжи со панел дискусија насловена „Жените во енергетиката“, – за жени во досега машки-доминантни професии, Кариерен развој и можности во енергетиката,  Улогата на образованието и менторството и  Поврзување на младите со индустријата. Секако роденденот не го бива без забава, па на платото на офицерскиот дом беше организиран и музички настан.

 

 

Насловна фотографија: сопственост на УКЛО