ТЕРА

REKLAMA???

46 САНКЦИИ ЗА ПРЕКРШОЦИ ШТО ГИ ПРАВАТ ПЕШАЦИТЕ

Денеска (27.07.2022) во периодот од 08.00 до 14.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата санкционирани се 46 пешаци, информираат од СВР Битола.

За време на контролата регистрирани се и 14 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.