Во рок од 45 дена сите маркети и супермаркети и маалски дуќанчиња на своите интернет страни треба да ја објават својата понуда на производи со точни цени. Ова е дел од измената на Законот на потрошувачи направена по бојкотот на маркетите што се реализираше со повик на социјалните мрежи.
Ова е една од мерките на министерството за економија во насока кон поголема транспарентност на цените во маркетите што води до подобрена конкуреност и намалување на цените е ставот на министерството за економија.
Министерството за економија и труд донесе одлука за ограничување на маржите на 102 групи на основни прехранбени производи и средства за хигена и ограничување на цените на 8 групи на најосновни прехранбени производи.
Со одлуката за ограничување на бруто профитната маржа во трговија на големо и мало мало на 102 групи на производи или над 1000 перехранбени и непрехранбени производи се опфатени :
5% бруто профитна маржа на основите 8 прехранбени производи млеко,леб, брашно (тип 400 и тип 500), јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко.
10% бруто профитна маржа на прехранбени производи каде опфаќа група од 55 прехранби производи -месо и преработки од месо, шеќер,млечни производи, маргарин, путер, конзервирани зеленчук и овошје, грав, ориз, тестенин.
15% бруто профитна маржа на 39 прехранбени производи и средства за хигена свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и друго.
Во наредните 10 дена ќе бидат објавени и правилниците кои ќе пропишуваат на кој начин ќе се објавуваат цените од страна на трговците, граѓаните сега ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари, ќе знаат за секој производ во кој маркет по која цена се продава еден ист производ.
Државниот пазарен инспекторат е на терен и инспекторите постапувата по одлуката дали маркетите ги усогласиле своите цени на полиците.
До крајот на оваа недела е предвидено да се направи надзор на над 1000 трговски објекти низ државата по што Државниот пазарен инспекторат ќе излезе со податоци за евентуално непочитување на истата од страна на одредени маркети.
Казните се движат од 500 до 10.000 евра па и до затварање на маркетите во траење од 15 дена.Очекувањата се дека цените ќе се намалат во просек околу 10%, со што ќе влијаеме на стабилизирање на инфлацијата и заштита на стандардот на граѓаните.
Дел од мерките ќе траат до 30 април оваа година, налик на сезонските празнични попусти, со тоа то овојпат од празници се Рамазан и Велигден.
фото насловна : unsplash












